Синот на Ози Озборн: Тато е подобро

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Ози Озборн сега е подобар. Ова го најави неговиот син Џек и наведе дека тој е веќе во форма и повторно е “циникот што го познаваме”.

Музичарот се опоравува успешно и веќе се почесто може да биде забележан да се шета по улица. Тој пак се задева со работи од секојдневниот живот, “зрачи” од цинизам и им дава забелешки на сите, што е знак дека дефинитивно се чувствува одлично, изјави уште неговиот син.

На Велигден, музичарот дури и постави своја смешна слика во Instagram – во костим на зајак.

Ози отиде во болница во февруари. Потоа беше итно примен за компликации од грип, а подоцна докторите откриле дека има пневмонија. Тој, исто така, добил инфекција на рацете и паднал лошо.

Легендарниот рокер ги откажа повеќето од концертите на неговата турнеја No More Tours 2 поради неговите здравствени проблеми.