Имињата одбиени од Дајана ѝ се допаѓаат на Меган

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Со текот на деновите додека не се појави на светот новото кралско бебе, се зголемуваат шпекулациите за неговиот пол и како тоа ќе биде крстено. Фановите на Меган и Хари се обложуваат каде ќе се роди бебето и какво име ќе му дадат.

Според британските медиуми, покојната принцеза Дијана отфрлила две имиња за нејзините синови, кои сега ги сака војвотката од Сасекс, и не е ни чудо што таа избира едно. Дали тоа значи дека ќе роди машко?

Ендрју Мортон пишува во книгата за принцезата Дијана, дека неа не ѝ се допаѓаат Артур и Алберт, но била поставена пред свршен чин и овие имиња мора да се присутни во следните имиња на синовите. Така Хари всушност е Хенри Чарлс Алберт Дејвид Маунтбатен-Виндзор, а брат му – Вилијам Артур Филип Луис Маунтбатен-Виндзор.

Исто како што Хенри е Хари, името на Меган има  уште едно. Таа е, всушност, Рејчел Меган Маркел, но како актерка таа почнала да настапува со нејзиното второ име.

Според обложувањата, веројатноста на војводата и војвотката од Сасекс да го изберат Алберт е 12:1 и Артур 16: 1.

Во меѓувреме, таблоидите објавија дека името на Меган ќе влезе во англискиот речник како глагол. Зборот “meghanmarkle” сега ќе се користи како глагол, што значи “забрана” или завршување на комуникација со некого.

Авторите на еден од новите речници, исто така, посочуваат на пример: “Таа” ги меган маркелна “нејзините пријатели кога стана позната” или едноставно да ги игнорираше нејзините пријатели.

Многу Британци веруваат дека најновиот збор е исмејување со кралското семејство.