165
Вкусни полнети шампињони кои постојано ќе ги правите!
СОСТОЈКИ:
12 цели шампињони
2 чешниња лук
150 гр крем сирење
3 лажици ситно рендан пармезан
сол
бибер
масло
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Печурките исчистете ги и отстранете ги дршките, па исечкајте ги. Загрејте масло, додајте лук и сечкани дршки од печурките. Динстајте додека не омекнат.
Изладете па измешајте крем сирење, дел од пармезанот, сол и бибер. Со помош на лажица наполнете ги печурките и посипете ги со остатокот од пармезанот.
Печете околу 20 минути на 180 степени.