Облеката што ја нуди модната линија на Серена Вилијамс е со исклучително висок квалитет. Бидејќи кралските луѓе како Меган Маркел се одлучиле да ја носат, луѓето не треба да се сомневаат дека е порабена со голема прецизност и убави ткаенини. Ова го увери самата тенисерка, зборувајќи за нејзината модна линија за “Бизнис на модата”.
Спортистката истакна дека само 10 месеци по лансирањето на новиот нејзин бизнис, тој оди доста добро и можеби тоа се должи и на еден од најголемите нејзини фанови – сопругата на принцот Хари, која се појави со сиво палто за време на турнејата во Австралија.
“Тоа е толку забавно, бидејќи можеби луѓето велат нешто како – О, мој Боже. Штом таа го носи, значи навистина е квалитетно “, вели таа и истакнува дека штом дала нешто од линијата на својата пријателка Меган, тоа сигурно нема да е со сомнителен квалитет.
Серена, исто така, објасни дека Војвотката на Сасекс толку ја инспирирала да создаде посебна ствар за неа – Кралската војвотка маичка.
Тенисерката е од пријателскиот круг на Меган Маркел. Неа неодамна ѝ се испушти во едно интервју дека бебето на Меган ќе биде девојче. Во февруари, таа и другите роднини на идната мајка организираа т.н. бејби шауер на место во Њујорк.