Град Скопје ги отфрла обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за закани врз администрација

од desk4
120 прегледи

Од Град Скопје реагираат на обвинувањата на опозицијата дека премиерот Зоран Заев им се заканувал на вработени во Град Скопје. Од општината велат дека времињата на закани и притисоци во градската администрација се минато.

„Важно е да се потенцира, Град Скопје не ги дели вработените според политичка и партиска припадност, туку спротивно, ги стимулира сите оние што професионално, совесно и посветено ја работат својата работа и придонесуваат за остварување и развој на сите проекти во градот“, стои во соопштението.

Претходно на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски рече дека Заев преку неговите перјаници во Град Скопје и раководни лица се заканува дека ќе брка луѓе од работа и тоа луѓе кои се вработени со години и децении во Град Скопје