Голден Стејт Вориорс ги порази Лос Анџелес Клиперс со 129:110 поени и со 4-2 во победи ја
затвори серијата и се пласираше во полуфиналето на Западот.

Следниот ривал на Вориорс ќе биде Хјустон Рокетс, а серијата започнува во недела вечер.
Кевин Дурант постигна импресивни 50 поени, 38 од нив во првото полувреме.
Дурант додаде 6 скока и 5 асистенции. Стеф Кари се истакна со 24 поени за успехот.
За Клиперс, Данило Галинари беше најуспешен со 29 поени.