Францускиот фудбалски шампион Париз Сен Жермен планира да го обнови својот „Парк де Пренс“
по Олимписките игри во Париз во 2024 година, објави локалниот печат.

Раководството на парижаните предвидува модернизација и зголемување на капацитетот на
објектот од 47.929 до околу 60 илјади седишта.
За таа цел ќе се реконструираат трибините „Отеи“ и „Булон“ и нивниот наклон ќе се смени.
Реновирањето се очекува да трае помеѓу една и две години, а пред тоа, Пари Сен Жермен ќе ги игра
домашните натпревари на друг стадион во градот – „Стад де Франс“.