Виланова го убедил Меси да остане во Барса, шест дена пред да почине

од Vlatko K
129 прегледи

На 25-ти април се навршија 5 години од смртта на поранешниот тренер на Барселона, Тито
Виланова. Неговиот помошник во фазата како тренер – Жорди Роура, раскажа емотивна приказна
од деновите пред смртта на Тито.


Во тоа време, ѕвездата Лионел Меси бил разочаран од мноштвото критики по своја адреса и
размислувал да го напушти „Камп Ноу“ откако го загуби финалето за Купот од Реал Мадрид. Шест
дена пред неговата смрт, Тито се сретнал со Меси и двајцата зборувале.

„Се видоа, и по таа средба, Лео се премисли. Виде нешто што пред тоа не го гледаше толку јасно“,
раскажа Роура, кој стана шампион на Шпанија, заменувајќи го болниот Виланова.

„Тие зборуваа со часови. Не знам точно за што зборуваа, но Лео одлучи да остане и очекуваме да
биде така уште долги години“, рече Роура