Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер ги коментираше шпекулациите за иднината
на ѕвездата на тимот – Пол Погба.

Во последниве денови се појавија голем број информации за се посигурниот трансфер на Погба во
Реал Мадрид.
Норвежанецот зборуваше ласкаво за својата ѕвезда, но не сакаше сигурно да потврди дали ќе биде
фудбалер на „црвените ѓаволи“ во претстојната сезона.
„Мислам дека ќе биде тука следната сезона. Пол е одличен за нас. Сите ние сакаме да се справи
добро. Тој е вистински лидер во соблекувалната“, рече Оле.
„Ако можам да гарантирам, би кажал дека ќе остане. Но, не можам да дадам такви гаранции, но
мислам дека ќе остане со нас“, заклучи Солскјер.