Најголемата ѕвезда на Манчестер Сити оваа сезона, Рахим Стирлинг се пошегува со конкурентот за
титулата во Премиер лигата, Ливерпул, велејќи дека никој не сака да види како Ливерпул ја
освојува титулата.

„Борбата за титулата е возбудлива. Особено пред натпреварот со Манчестер Јунајтед вчера. Знаеш
дека секоја мал кикс може да им овозможи на луѓето од Ливерпул да не надминат. А не го сакаш
тоа, јас не го сакам тоа. Не мислам дека било кој го сака тоа. Значи се обидуваш да го даваш
најдоброто од себе, за да си сигурен дека ќе го добиеш дуелот. Тоа сепак е пријатно, затоа станав
професионален фудбалер. Поради моменти како овој – без разлика дали ќе победиш или изгубиш,
ќе се свртиш наназад и ќе си благодарен за овие неверојатни моменти“, изјави Стирлинг на
церемонијата на „BT Sport“, на која беше награден за борба против расизмот.