Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп се надева дека напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино ќе
биде на располагање за првиот полуфинален судир со Барселона во средата вечер.
![]()
Дваесет и седум-годишниот Бразилец го пропушти мечот со Хадерсфилд (5:0), откако беше заменет
во почетниот состав од Даниел Стариџ. Тој доби мускулна повреда за време на тренингот во
четвртокот.
Боби тренираше нормално вчера. Вежбите не беа високо-интензивни, трениравме првенствено
статични положби“, изјави Клоп по убедливиот успех над „териерите“.
„Не видов ништо на самиот тренинг, очигледно тоа се случило при последната ситуација и тој
почувствувал болка во мускулот. Според официјалната дијагноза на медицинскиот штаб тој има
мало кинење во мускулот, па освен делот со „кинењето“, сè е во ред“, објасни Германецот.
„Тоа е Боби, па веројатно ќе биде подготвен за среда, но сега не можам да бидам сигурен. Само
затоа што станува збор за него, шансите да игра против Барселона се големи, но допрва ќе
дознаеме сигурно. Не беше пријатно, дека не можевме да сметаме на него вечерва (вчера), но
работите не се толку лоши“, изјави уште Клоп.
Фирмино има 46 натпревари за Ливерпул во сите натпреварувања во кампањата, истакнувајќи 16
гола и 8 асистенции.
Германскиот менаџер на Ливерпул додаде дека холандскиот централен дефанзивец Вирџил Ван
Дајк, кој беше згазнат во вториот дел од противнички играч и ги растревожи приврзаниците на
тимот, е добро.
„Не, ништо. Кога го прашав како се чувствува по контактот, тој рече: “Се е во ред“, заклучи Клоп.