139
Германскиот производител на премиум спортски автомобили Porsche, планира да нападне некои необични сегменти.
По објавата дека ќе пристигне контроверзниот SUV купе, и лимузина Panamera, би можело да добие и некои необични варијанти. Имено, Porsche планира да спреми купе и кабриолет верзија, што би конкурирал на BMW и неговата Серија 8 купе и кабрио.
Porsche има искуство со лимузина со две врати бидејќи од 1977 до 1995 година го продаваше 928 купе.
Купе и кабрио Panamera се наводно веќе во развој, а ќе бидат базирани на скратената MSB платформа со која се користи стандардната верзија на оваа лимузина.
Ако добие и конечно зелено светло, новата верзија 928 ќе биде како моделот 911 за четири патници (2 2), но со повеќе простор на задната клупа.