Дармановиќ: Извесно е дека Црна Гора е следната членка на ЕУ

од desk4
147 прегледи

Шефот на црногорската дипломатија Срѓан Дармановиќ синоќа изјави дека очекува позитивен извештај од Европска Комисија за напредокот на земјата кон Европска Унија, додавајќи оти Црна Гора ќе биде следната членка на Унијата.

Тој за Радио Црна Гора истакна дека нема никаков спор и оти Подгорица е апсолутен лидер во регионот во европските интеграции.

Ние не се натпреваруваме со другите, напротив, многу ги поддржуваме нашите соседи во нивните европски аспирации, но сосема е јасно дека Црна Гора е следната членка на ЕУ, наведе Дармановиќ.

Тој истакна дека е важно Црна Гора да почне со затворање на поглавијата и оти во овој момент може да и понуди на ЕУ најмалку пет или шест поглавија која би можела да ги затвори.