Дрога, разбојништво, сообраќајки…

од Марта Пешевска
94 прегледи

 ХРОНИКА -МВР Билтен

 Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против С.В.(18) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 04.01.2019 година во Крива Паланка, полициски службеници извршиле претрес во дом и помошни простории кај пријавениот, при што биле пронајдена и одземена марихуана.

На 27.04.2019 година во 18,55 часот било пријавено дека во Тетово кај кружниот тек од булеварот “Маршал Тито“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Мерцедес“ со тетовски регистерски таблици, управувано од З.С.(57) од Тетово, а сопатник била Д.С.(52) и патничко моторно возило “Голф“ со тетовски регистерски таблици, управувано од И.Ј.(55) од с.Слатино, а сопатник била Ф.Ј.(56). Со возило на Итна медицинска помош повредените лица биле пренесени во Клиничката болница во Тетово, каде им била укажана лекарска помош и кај З.С. од страна на лекар констатирани биле тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, додека сопатничката Д.С. им подлегнала на повредите. Кај возачот и сопатникот од возилото “Голф“ од страна на лекар констатирани биле телесни повреди. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Тетово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е дадено за обдукција.

На 27.04.2019 година во 18,10 часот било пријавено дека во Битола на улицата “Охридска“ патничко моторно возило “Мерцедес“ со битолски регистерски таблици управувано од Т.Ц.(25) од Битола, удрило во пешакот Д.З.(70) од Битола. Во незгодата Д.З. се здобила со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Клиничката болница во Битола. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.

На 27.04.2019 година во 14,30 часот било пријавено дека во Штип на булеварот “ЈНА“ се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „Јамаха ФЗ-6“ управуван од 17 годишно лице од Штип и патничко моторно возило “БМВ Х-3“ со штипски регистерски таблици управувано од А.К.(27) од Штип. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобила А.К., констатирани од страна на лекар од Клиничката болница во Штип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип.

На 27.04.2019 година во 22,10 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на улицата “Орце Николов“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило “БМВ“ со скопски регистерски таблици управувано од К.Г. (24) од Скопје, патничко моторно возило “Фолксваген Голф“ со скопски регистерски таблици управувано од И.Ч. (19) од Скопје и паркирано патничко моторно возило “Фолксваген Голф“ со скопски регистерски таблици паркирано од Ж.Т. (47) од Скопје. Со тешки телесни повреди се здобил Б.С. (20), а со телесни повреди се здобил А.М.Ч.(20) двајцата од Скопје, сопатници од возилото “Фолксваген Голф“, констатирани од страна на лекар од Градската општа болница “Св. Наум Охридски“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

На 28.04.2019 година во 00,10 часот од Здравствениот дом Пехчево било пријавено дека кај нив било донесено лице Г.Р.(37) од с.Умлена–Пехчево со повреди. Имено, според пријавеното, откако Г.Р. го паркирал тракторот во неговиот двор, се симнал од него и во еден момент тракторот почнал да се движи и го прегазил. Потоа со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Штип каде од страна на лекар констатирани биле тешки телесни повреди. Се работи на расчистување на настанот.

На 27.04.2019 година во 13,00 часот во Полициската станица Центар Д.Д.(43) од Скопје пријавила дека нејзиниот 16 годишен син додека се движел пеш на мостот Око бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.