Надал: Поразот во Барселона ќе ми помогне многу

од Vlatko K
109 прегледи

11-кратниот шампион, Рафаел Надал (Шпанија) отпадна во полуфиналето на турнирот во
шпанскиот град Барселона со награден фонд 2.61 милиони евра.


Надал загуби од Доминик Тим (Австрија) со 4:6, 4:6 за над 2 часа игра. Шпанецот сепак, рече дека
поразот може да му помогне во иднина.

„Има порази кои можат да ми помогнат и овој е еден од нив. Со оглед на тоа како играв, подолго
време не сум се чувствувал толку добро на земја. Од моите последни осум натпревари овој е прв
кој го губам, но играм на нивото, на кое треба да бидам, за да може да играм мирно и со потребната
енергија“, прокоментира Надал.

„Тим одигра одличен натпревар и јас бев дел од него. Бев конкурентен и мислам дека од тука
натаму ќе бидам уште подобар“, додаде Шпанецот. „Беше сложена недела за мене, особено во
почетокот. Денес (вчера) повторно уживав да играм тенис“, изјави Надал.