Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо постигна нешто уникатно, истакнувајќи го својот гол
бр.600 на клубско ниво во 235-тото „Дерби на Италија“ помеѓу Интер и Јувентус синоќа (1:1).
Ибериецот го надмина големиот конкурент Лионел Меси во одбележувањето на 600 гола. Лео се
запиша за Барселона против Леванте, а успехот синоќа ја запечати титулата на Каталонците во Ла
Лига. Меси сепак има два погодоци помалку од Роналдо – 598.

Што се однесува до омилените жртви на двајцата, Меси и Роналдо сакаат да постигнуваат голови
против Севиља. Кристијано има цели 27 погодоци во мрежата на Андалузијците, а Меси – 36. Рони
го освојува спорот и за наградата топ-стрелец во Лигата на Шампионите со 126 гола против 110 за
Меси. Во Ла Лига предноста е на страната на Меси – 416 на 311.
Сега нов предизвик има пред Роналдо. Ѕвездата на Јуве се цели на наградата за најпрецизен во
Серија „А“ и ако успее да ја освои, ќе стане првиот фудбалер, кој станал најдобар стрелец во
Премиер лигата, Ла Лига и Серија „А