Валверде по освојувањето на Ла Лига: Имаме уште цели

од Vlatko K
80 прегледи

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде не ја криеше радоста од освојувањето на титулата во
Шпанија, што стана факт пред крајот на првенството, по победата со 1:0 над Леванте во 35-тото
коло на Ла Лига.


„Среќни сме, но имаме уште цели. Освојувањето на титулата со таква разлика и на тој начин против
такви ривали се постигнува многу тешко. Среќни сме за луѓето кои го слават тука и сè е многу
возбудливо“, прокоментира тренерот на Каталонците.

Тие имаат шанса за уште два трофеи, бидејќи им претстои финалето за Купот на Шпанија против
Валенсија, а во Лигата на Шампионите стигнаа до полуфиналето, каде ривал ќе биде Ливерпул,
откако првиот меч е во среда.