Нејмар удри фан на Рен по поразот на ПСЖ во финалето на Купот на Франција (ВИДЕО)

од Vlatko K
112 прегледи

Името на Нејмар повторно е во светските спортски вести, но овој пат не поради неговите настапи
на теренот. Бразилецот може сериозно да биде казнет за своите дела по финалето на францускиот
куп, што Парижани изненадувачки го изгубија од Рен. Тимот на Томас Тухел загуби иако имаше два
гола предност, а Рен триумфираа со својот трет трофеј од овој турнир.

Непријатниот инцидент се случи додека Бразилецот се искачуваше по скалите на трибините за да
го земе медалот од финалето. Еден од навивачите во близина на скалите одлучи да ги снима
ѕвездите на Пари Сен Жермен, но тоа не му се допадна на Нејмар.

Напаѓачот го турна телефонот на поддржувачот, а потоа следеше размена на неколку зборови, пред
Бразилецот да одлучи да го удри навивачот.

https://www.instagram.com/p/BwyUWxHhXxb/?utm_source=ig_web_copy_link

19-годишниот Муса Диаби, која беше зад Нејмар, се обиде да спречи посериозен инцидент. Она што
се случи веднаш се појави во социјалните мрежи, а на Инстаграм исто така се појави видео од
телефон на фановите, кои го снимаа Нејмар. Поддржувачот, исто така, тврди дека бил удрен од
фудбалерот, иако тоа не се гледа јасно од снимките.