Мислел дека ќе умре, ги затворил очите и предизвикал верижен судар (видео)

од desk2
133 прегледи

Рохел Ласаро Акилера- Медерос помислил дека ќе умре и ги затворил очите пред со камиот да се забие во колона со возила, што предизвикало масовен верижен судар во Колорадо во кој загинале четири лица, соопштија локалните власти.

Камионот на 26 април предизвикал верижен судар од 28 автомобили и камиони долж автопатот во близина на Денвер.

На Акилери-Медерос сега му се суди по четири точки за обвинение за убиство предизвикано од сообраќајна несреќа. Се појавил пред судот во саботата.

Истражителите изјавиле дека Акилера-Медерос изјавил дека возел со 137км/ч кога престанале да му работат кочниците.

Се обидел да сврти на страна за да не се забие во колоната со возила, но таму веќе се наоѓал друг камион.

Властите изјавиле дека нема докази оти Акилера-Медерос за време на несреќата бил под дејство на дрога или алкохол.