Тачи: Поделбата на Косово и надлежностите на ЗСО се мртви идеи

од Vlatko K
106 прегледи

Косовскиот претседател Хашим Тачи синоќа во Берлин изјави дека нема да има размена на територии, но оти ќе работи на припојување на Прешевската долина кон Косово.

– Поделбата на Косово е мртва идеја, како што е мртва идејата за заедница со извршни надлежности, рече Тачи.

Германскиот канцелар Ангела Меркел и претседателот на Франција Емануел Макрон вчера во Берлин беа домаќини на средба на претставници на Западен Балкан и Европската унија. Официјален повод за средбата беше „неформална размена на идеи“ со цел зацврстување соработка во регионот.