Кочов пред мајсторката со Задар: Со правилен пристап, може да дојдеме до толку посакуваната победа

од Vlatko K
97 прегледи

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром како гости против Задар (18 часот) ќе ја одиграат
„мајсторката“ од бараж-серијата за влез во АБА-лигата, во која ќе влезат сериозно ослабени.
Металците во Хрватска отпатуваа без најдобриот стрелец во досегашниот дел од сезоната, Андрија
Бојиќ, но тренерот Ѓорѓи Кочов изјави дека со правилен пристап и со почитување на договореното,
тимот ќе може да дојдем до толку посакуваната победа на овој решавачки дуел.


„Одигравме два изедначени и цврсти натпревари против Задар, екипа за која настапуваат
квалитетни и искусни кошаркари. Можевме уште во Скопје да го решиме прашањето околу влезот
во АБА-лигата и на најдобар начин да го крунисаме тоа за што работевме цела година. Но и покрај
поразот покажавме дека можеме да играме со Задар, кој е апсолутен фаворит ако ги земеме
ростерите на двете екипи. Во Хрватска дојдовме сериозно ослабени, без повредениот Бојиќ, но тоа
истовремено е шанса за другите играчи на тие позиции да го дадат максимумот и да ја искористат
пружената шанса. Верувам дека со правилен пристап и со почитување на сѐ она што ќе го
договориме ќе може да дојдеме до толку посакуваната победа на овој решавачки дуел за двете
екипи“, изјави Кочов.