Солскјер го истурил својот гнев врз Марсијал

од Vlatko K
121 прегледи

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјеер гоистурил својот гнев врз Антони Марсијал,
поради неговото однесување за време на загревањето против Челзи. По ремито на „Олд Трафорд“
(1:1) тренерот јавно го нападнал играчот уште во соблекувалната пред неговите соиграчи.

Стратегот го истурил својот гнев од резултатот токму врз Марсијал.
Причината е дека за време на загревањето, 23-годишниот Французин само стоеше на едно место,
со рацете зад грбот, без да се подготвува за натпреварот како останатите фудбалери. Тоа беше
снимено на видео од незадоволните навивачи на „црвените ѓаволи“ и распространето во
социјалните мрежи.

Недостатокот на желба да се загрева, а само да стои на теренот,го натера Оле Гунар Солскјер да го
пушти како замена во натпреварот Алексис Санчез на местото на Маркус Рашфорд, наместо
преферираниот од него Марсијал.