Агентот на Бејл одговори на критиките на Зидан

од Vlatko K
103 прегледи

Часови, откако тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан изрази сомнеж за ангажманот и
посветеноста на Герет Бејл во тимот, агентот на фудбалерот Џонатан Барнет, одговори категорично
на забелешките на Зизу.


По поразот од Рајо Ваљекано, Зидан се посомнева во посветеноста на велшкиот фудбалер: „Не
знам дали тој мисли на Реал Мадрид, треба да го прашате него“.

Имаше итен одговор од Барнет: „Герет е 100% посветен на Реал Мадрид“.
Бејл оваа сезона игра многу слабо и сигурно нема да остане на „Сантијаго Бернабеу“.
Велшкиот фудбалер има договор со Реал Мадрид до летото 2022 година, но од клубот веќе
соопштија на Барнет дека нема да се потпираат на Бејл во следната сезона.
Сепак, неговиот агент инсистира на тоа дека „ништо не се променило“, а Бејл сака да продолжи во
Реал Мадрид.

Додека Барнет ја даде оваа изјава во заштита на Бејл, фудбалерот ги искористи двата дена за
одмор, кој го добија играчите на Реал Мадрид, за да отпатува до Кардиф.

Нешто повеќе, Бејл не беше со соиграчите во автобусот на Реал Мадрид по поразот од Ваљекано,
туку се качи во автомобил кој го зеде и го одведе на аеродром „Барахас“. Велшкиот фудбалер добил
дозвола од клубот за такво нешто.