Поповиќ може да остане во Сан Антонио

од Vlatko K
122 прегледи

Грег Поповиќ, тренер со најдолг стаж во НБА, а и во сите четири водечки лиги во САД, преговара за
нов договор со Сан Антонио Спарс. Ова ќе биде негова 24-та сезона на чело на тимот.

Всушност, никогаш не сме преговарале навистина. Никогаш не сум имал ни агент“, рече Поповиќ.
Договорот на тренерот заврши по отпаѓањето на Спарс од плејофот на НБА. Тој е во тимот од 1996-
та година и од тој момент па наваму Сан Антонио се пласира во фазата на елиминации во секоја
сезона, со исклучок на првата. Тимот, исто така, освои пет трофеи под раководство на Поповиќ.
Вториот тренер со најдолг стаж е Бил Беличик. Тој освои шест трофеи „Ломбарди“ во НФЛ со Њу
Ингланд Петриотс по назначувањето во 2000-та година.