Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк го прокоментира претстојниот прв полуфинален дуел
од Лигата на шампионите против Барселона.

„Меси е најдобар играч во светот, ќе видиме како ќе играме против Барселона. Се браниме цел тим,
напаѓаме цел тим. Останува да се соочиме против Барселона, во чиј состав игра еден од најдобрите
фудбалери во светот. Најдобриот во светот. Но Барса не е само Меси. Сите нивни фудбалери се
многу добри“, прокоментира тој.
„Имаме одличен тим, нема да одиме на прошетка во Барселона. Сакаме да станеме шампиони во
Англија, како и да се пласираме во финалето во Лигата на шампиони. Нема да се предадеме и ќе
дадеме се од себе за постигнување на целите. Се надевам дека ќе постигнеме добар резултат кој
ќе ни помогне за натпреварот на „Енфилд“, за да се пласираме во финалето“, додаде играчот на
Ливерпул.