Мишел Фајфер на 61

од Vlatko K
329 прегледи

„Ништо друго не го остарува човекот, како што тоа го прави несреќата. А јас сум среќна жена и
мислам дека тоа се гледа“, вели Мишел Фајфер, која денес полни 61 година.


Не може да не се согласиме со оваа изјава – среќата го прави лицето да сјае без разлика колку е
стар, без разлика што работи. И 61-годишната актерка има многу причини да му се заблагодари на
животот за сите добри работи што и се случија и продолжуваат да ѝ се случуваат.

 

Освен што ужива одлична кариера во Холивуд, Мишел Фајфер е една од ретките познати личности
кои можат да се пофалат со долг и среќен брак. За 25 години таа и нејзиниот сопруг, Дејвид Кели,
се радуваат на прекрасна врска.

„Дете се појави на почетокот на нашата врска, а потоа навистина го ценев Дејвид, бидејќи го видов
во ситуации, кои го разлуваат мажот од момчето. Всушност, и двајцата моравме да се видиме
премногу брзо во улогата на родителите. Ова ја отстрани напнатоста“, рече Фајфер

Тие имаат две деца и научиле да не го прифаќаат својот брак здраво за готово – до денешен ден,
барем еднаш неделно, излегуваат на романтична средба. А тој не пропушта ден да не и испрати
букет цвеќиња.

„Впрочем, по толку години, мислам дека знам што е тајната на успешен брак. Имено – да се избере
вистинската личност“, вели Мишел Фајфер.

„Мојата баба изгледа пет деца за време на Големата депресија. На возраст од 50 години, таа ја
стави машината за шиење во багажникот и од Северна Дакота се преселила во Калифорнија. Таа
знае како да преживее, може да се бори против сè и секого. Сакам и моите деца да бидат такви“,
вели таа.