Во кординација со управата на РК Вардар, навивачите на „црвено-црните“ отворија жиро-sметки, денарска и девизна, на кои ќе можат да се донираат средства за клубот.

Ова доаѓа по најавата за заминувањето на Сергеј Самсоненко од Вардар.
Целта на иницијативата е скопскиот тим да не го загуби целосно реномето кое го градеше со години и да го сочува своето место помеѓу европските гиганти.
Ракометарите на Вардар ги очекува реванш дуелот од осминафиналето во Лигата на шампионите против унгарскиот првак ПИК Сегед. Вардарци имаат предност од осум голови по првиот натпревар. Натпреварот е на програмата в недела, на 5 мај, со почеток во 19:00 часот.