Гејтс истражил кои три професии ќе бидат најбарани

од desk2
174 прегледи

Основачот на Microsoft, Бил Гејтс, на основа на бројни податоци кои ги собрал, тврди дека во иднина најмногу ќе се бараат луѓе од областа на науката, инженерството и економијата.

Работниците кои поседуваат знаење од овие области ќе бидат “носители на промените за сите институции”, изјавил Гејтс во едно интервју.

 

“Притоа не мислам на основно познавање на науката, математиката и економијата. Многу кариери во иднина ќе бидат многу барани”, изјавил тој.

Не мора да бидете експерт во кодирање, но способноста да размислувате на сличен начин како експертите кои тоа го можат ќе ви помогне во голема мера.

“Не мора да знаете да пишувате кодови, но мора да разбирате што работат инженерите и што се можат и не можат”, објаснил Гејтс.