Мојс: Плачев кога Јунајтед ме отпушти, оттогаш тимот не мрднал

од Vlatko K
85 прегледи

Шкотите се познати како цврсти мажи и едвај си дозволуваат да покажуваат чувства. Но, дури и
тие знаат понекогаш да попуштат солза. Ова стана очигледно од признанието на поранешниот
менаџер на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс.


Токму тој ги презеде „црвените ѓаволи“ по пензионирањето на Сер Алекс Фергусон, но само осум
месеци подоцна беше отпуштен. Причината – лоши резултати. Но самиот Мојс тврди дека од
времето по неговата смена наваму, клубот не мрднал особено напред, дури останал на истото
место.

„Последниот пат кога плачев, беше при разрешувањето од Манчестер Јунајтед. Мислам дека нема
голема разлика од состојбата на оној Јунајтед, кој јас го оставив и овој сега. Кога јас застанав на
чело, имаше огромна потреба од замена, од реформи, а за тоа ми требаше подолго време“.
„Чувствувам дека за годините, во кои јас не сум таму, клубот не се придвижил многу напред.
Ситуацијата е речиси иста. Има потреба од огромна замена на играчите, треба да се направат
одредени реформи. И времето од моето разрешување натаму воопшто не се користеше правилно“,
рече Мојс.

Тој беше култна фигура во Евертон, каде мина 11 години и никој дури не си помисли да го разреши.
Но после неговиот престој на „Олд Трафорд“, неговата кариера тргна надолу, следеше слаб период
во Реал Сосиедад, испаѓањето со Сандерленд и краток престој во Вест Хем, кога неговиот договор
не беше обновен, по што беше ангажиран Мануел Пелегрини.