Ѓоковиќ: Понекогаш се прашувам дали треба да се вклучам во политиката

од Vlatko K
100 прегледи

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ изјави дека секогаш се обидува да ја претстави
својата земја во најдобро можно светло.


Тој истакна дека понекогаш се прашува дали треба да се вклучи во политиката или во некои работи
во тенисот, кои не се поврзани само со играта.

– Се што правам е свесно и одговорно, целосно се вложувам во тоа. Не знам да работам
половично. Секогаш се обидувам да помогнам и да ја претставам својата држава на најдобар
начин. Кога се сретнувам со луѓето во Србија, разговарам со нив, но не сакам да се ограничам само
на својата земја, да ја сакам само неа, а да ги мразам останатите, нагласи српскиот тенисер.