Меси и неговото ремек-дело, кое го полуди светот (ВИДЕО)

од Vlatko K
157 прегледи

Без разлика што ќе кажеме за Лионел Меси по првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на
шампионите против Ливерпул, ќе биде малку! Ѕвездата на Барселона ја заокружи својата сметка на
600 голови, а токму неговиот јубилеен погодок стана еден од најубавите во историјата на турнирот.


Аргентинецот го оформи конечниотрезултат 3:0 во 82-та минута со погодок од слободен удар. Тој
успеа да ја испрати топката во мрежата на Алисон со удар од над 31 метри. Фудбалерот на
Барселона едноставно не остави шанса на голманот на Ливерпул, кој реагираше колку што е можно
најпрофесионално. Но, против некои ѕвезди, дури и тоа не е доволно!

https://youtu.be/kdLkEmG05Ak

Всушност, Меси постави уште еден рекорд со тој гол. Го оставаме бројот на голови настрана.
Според фудбалските статистичари, ова е погодокот што Аргентинецот го реализира од
најдалечното растојание во Лигата на шампионите. А тој има 134 натпревари на најсилниот
европски клубски турнир и веќе има 112 голови!