Навивачите на Ливерпул нема да одминат со лесна рака една од најконтроверзните ситуации во
дуелот со Барселона на „Камп Ноу“ (0:3). Камерите фатија еден момент кога ѕвездата на
домаќините, Лео Меси, ја крена раката кон лицето на Бразилецот Фабињо.

На веб страната на Change.org, навивачите на Мерсисајд веќе собираат потписи дали УЕФА да го
казни Меси, со што би го пропуштил реваншот на „Енфилд“ (7-ми мај).