Барса се оддалечува од Де Лихт

од Vlatko K
171 прегледи

Преговорите на Барселона за потписот на дефанзивецот на Ајакс, Матаис Де Лихт се пред
пропаѓање, пренесуваат шпанските медиуми.

Шефовите на „каталонците“ биле во напредна фаза на преговорите за привлекување на 19-
годишниот дефанзивец во текот на летото. До крајот на април договорот се сметаше за речиси
сигурен.
Презентација на холанѓанецот против Јувентус и Тотенхем во Лигата на Шампионите, сепак
значително ги зголеми финансиските побарувања како на амстердамскиот клуб, така и на самиот
играч.

Агентот на младиот Мино Раиола одлучил да ги одложи преговорите, откако интерес кон
конкурентот пројавиле клубови како ПСЖ, Баерн Минхен и Јувентус, барајќи најдобри услови за
својот клиент.

Ова може да биде сериозен удар за амбициите на Барселона за привлекување на холандскиот
репрезентативец. Играчот продолжува да биде меѓу приоритетите на раководството на
„блаугранас“, но евентуална импозантна понуда на некој од конкурентите за потписот на ѕвездата
на Ајакс, може да ги натера да ги пренасочи напорите во друга насока.