Арсенал на чекор од финалето на ЛЕ, Ајнтрахт и Челзи ќе го решат победникот на „Стемфорд Бриџ“

од Vlatko K
142 прегледи

Тимот на Арсенал ја победи Валенсија со 3:1 во првиот полуфинален дуел на Лигата на Европа.
Александар Лаказет (18′, 26′) и Пјер Емерик Обамејанг (90 + 1′) го донесоа успехот на својот тим,
откако Муктар Диакаби (11′) донесе рана предност за Шпанците.


На тој начин лондонскиот тим ја прекинаа својата црна серија од три последователни поразии во
Премиер лигата и гледаат со оптимизам за реваншот, кој е по една недела на „Местаља“.

Ајнтрахт Франкфурт и Челзи пак ремизираа 1-1 во првиот полуфинален натпревар од Лигата на
Европа и ја оставија разврската за реваншот.

Двата тима имаа доминацијата во одделни периоди на средбата, но како целина „сините“ од
Лондон треба да жалат повеќе за пропуштената победа.