
“Боинг 737” слета во река во Флорида . Нема загинати во инцидентот, соопшти АП.
Слетувањето се случило синоќа во 21:40 часот петокот. При исклучително лошо време чартер лет со 143 патници не можел да слета на пистата во Џексонвил и се извозел во блиската река Сент Џонс. Авионот не е потонат.
Властите започнале мисија за брзо спасување.
Градоначалникот на Џексонвил Лени Кари изјави дека сите 136 патници и 7-те члена на екипажот биле спасени, но неколку луѓе биле однесени во болница со повреди кои не се опасни за животот.
Националниот одбор за безбедност во сообраќајот започна истрага.

