Социјалните мрежи и интернет гигантите вложуваат огромни ресурси за да ја сопрат
терористичката пропаганда во виртуелниот простор. За димензиите на овој феномен станува јасно
од статистика, објавени од Google за видеопорталот YouTube.

Секоја година интернет компанијата троши стотици милиони долари за проверка на содржината на
YouTube. Само во првите три месеци службеници на Google рачно провериле над 1 милион видеа со
сомнежи за присуство на терористичка содржина.
Во официјално соопштение од вчера, Google истакнува дека при рачната проверка биле утврдени
90.000 видеа кои ја прекршуваат политиката на компанијата во врска со тероризмот. 10.000
вработени во компанијата учествувале во преглед на содржината.
Во март, по директното емитување на социјалните мрежи на убиствата во Нов Зеланд,
американските власти ги повикаа Google, Facebook, Twitter и Microsoft да ја подобрат работата за
бришење на насилни содржини од нивните мрежи.
Покрај тоа, владата на САД побара од компаниите да откријат колку од нивните вработени бараат и
отстрануваат таква неприфатлива содржина и колку пари трошат на оваа активност.
Facebook и Microsoft не одговориле на барањето. Twitter објави дека „значаен дел“ од 4.100
вработени во мрежата низ светот ја анализираат содржината.
Сега, Google ги откри бараните податоци – 10.000 вработени во компанијата се ангажирани во
видео верификација, а цената на оваа активност изнесува стотици милиони долари годишно