Агентите на Ван де Бик преговараат со ПСЖ во Доха

од Vlatko K
100 прегледи

Агентите на фудбалерот на Ајакс, Дони ван де Бик патуваа минатата недела до Доха, за да водат
преговори со Пари Сен Жермен, тврди „Le Parisien“.


Според информациите, од ПСЖ се запознале под какви услови 22-годишниот фудбалер е склон да
премине на „Парк де Пренс“.

На почетокот на сезоната Ван де Бик беше проценет на 20 милиони евра, но се смета дека во текот
на сезоната тој ја удвоил својата цена и ПСЖ ќе треба да даде најмалку 40 милиони евра на Ајакс,
ако сака да го привлече.

Ван де Бик не е првиот фудбалер на Ајакс, кон кого ПСЖ пројавува интерес. Францускиот шампион,
исто така, го следи напаѓачот Давид Нерез.

Спортскиот директор на ПСЖ, Антеро Енрике се ангажирал со задача да ги финализира
преговорите со Ајакс за двајцата фудбалери.