Пораз од Борнемут го стави под знак прашалник пласманот на Тотенхем во топ 4

од Vlatko K
120 прегледи

Со гол во првата минута од додаденото време Борнемут го победи Тотенхем со 1-0 во многу важен
меч за битката во топ 4 на Премиер Лигата. На „петлите“ им беа потребни три поени за да си
обезбедат пласман во првите четири екипи, но нивната посета на јужното крајбрежје се претвори
во вистински кошмар.


Тимот на Маурисио Почетино играше со 9 луѓе речиси 45 минути и немаше шанса да земе нешто од
мечот.

По поразот, Тотенхем останува на трето место во рангот со 70 поени, но неговите директни ривали
допрва треба играат. Челзи е четврти со 68 и се среќава со Ватфорд во својот претпоследен
натпревар. Петтиот Арсенал има 66 и игра со Брајтон на „Емирати“. Во битката исто така е
Манчестер Јунајтед, кој има 65 поени