Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ, се обиде да го заштити својот
соиграч Дејвид де Хеа, кој во последно време беше критикуван, особено по фаталната грешка што
ја направи во дербито со Челзи

Тоа ги чинеше победата „црвените ѓаволи“, а ремито 1:1 го откажа тимот на Оле Гунар Солскјер од
пласман во Топ 4.
„Сите играчи прават грешки во сите натпревари. Но, кога голман прави грешка, секој го гледа тоа.
Кога си еден од најдобрите голмани во светот, луѓето зборуваат премногу за вашите грешки“,
прокоментира Матиќ.
„Кога голман од помал тим прави грешка, за неа се зборува ден или два, но грешката на Де Хеа се
коментира цела недела. Сигурен сум дека оваа грешка нема да влијае на неговата кариера. Тој не
чита весници. Тој е еден од најдобрите голмани во светот и ќе продолжи да биде таков во
наредните години. Многу сум среќен што го имам Де Хеа во мојот тим“, додаде Србинот.