Ефенберг го советува Хамес да го напушти Баерн

од Vlatko K
85 прегледи

Поранешниот капитен на Баерн Минхен, Штефан Ефенберг го советува Хамес Родригез да го
напушти клубот по крајот на сезоната, бидејќи не добива доволно време на теренот.

Колумбиецот е со статус на позајмен од Реал Мадрид, но киријата му завршува во почетокот на
летото и освен ако баварците не одлучат да го купат за 42 милиони евра, тој треба да се врати на
„Сантијаго Бернабеу“. Според Ефенберг тоа исто така нема да е добро за играчот и правилно би
било, ако побара друг предизвик.

„Хамес треба да игра и да ужива во играта, а тоа нема да се случи ако влегува за 10, 12 или 15
минути“, пишува Ефенберг во својата колумна во германскиот сајт „T-online“. „Може тој ќе мора да
размислува целосно различно, бидејќи сметам дека ќе му биде тешко да се наметне и во Реал“, се
вели уште во материјалот на 50-годишниот поранешен играч.

Хамес Родригез има 24 натпревари оваа сезона во Бундеслигата, а во 11 од нив се појавил од
резервната клупа. Само три се случаите во кои тој останал на теренот во текот на сите 90 минути.