Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер изјави дека е уверен дека многу играчи ќе
сакаат да се приклучат на „црвените ѓаволи“ ова лето, без разлика дали тимот ќе успее да се
пласира во Лигата на Шампионите.

Шансите на Јунајтед да ја заврши сезоната во Премиер лигата во топ 4 изгледаат минимални по
ремито со Челзи во последниот круг, но Солскјер не верува дека тоа ќе се одрази на трансфер
плановите на клубот.
„Ние уште имаме шанса да играме во Лигата на шампионите следната сезона, па ќе видиме. Ќе
бидете изненадени колку многу агенти ни се јавија за да ни кажат дека нивните клиенти би сакале
да се дел од Манчестер Јунајтед. Клубот привлекува играчи, бидејќи тие знаат каков потенцијал
има и дека порано или подоцна ќе се вратиме на врвот. Ние доживуваме тешки времиња, но мојата
работа и онаа на менаџментот е да го променам тоа. Но, секогаш ќе има играчи кои сакаат да
дојдат тука“, рече Солскјер.

„Јас ќе го имам последниот збор за тоа кој доаѓа и кој заминува. Имаме редовни состаноци со
раководството за селекцијата и сум среќен со развојот“, додаде норвешкиот експерт.