Брадата и „ракетите“ преживеаја против Голден Стејт

од Vlatko K
177 прегледи

Џејмс Харден нанижа 41 поени за да го остави Хјустон жив против Голден Стејт.

Рокетс победија со 126:121 по продолжението и го намалија заостанувањето во серијата до 1-2 во
победи. Натпреварот бр.4 ќе биде повторно во Тексас.

Кевин Дурант беше незадржлив за „воините“ со 46 поени, но тие не беа доволни за Голден Стејт.
Стеф Кари одигра многу слаб натпревар и иако постигна 17 поени, беше прецизен само 7 пати од 23
упатени шутев од игра.

Клеј Томпсон беше 6 од 16 и реализираше 16 поени.