Според неодамнешното истражување, оамените луѓе страдаат до 2,5 пати почесто од психички
заболувања во споредба со останатите. Тие вклучуваат депресија, страв, невроза и опсесивнокомпулсивно нарушување. Сите возрасни групи се погодени, како што пишуваат научниците од
специјализираниот весник „PLOS ONE“

Тим од лекари под раководство на д-р Луис Јакоб ги анализирале податоците од повеќе од 20
илјади учесници на возраст меѓу 16 и 64 години од спроведеното во Англија истражување „National
Psychiatric Morbidity“. Целта била да се проучи менталното здравје на учесниците.
Сепак, студијата не покажува дали осаменоста е всушност причина за ментална болест.
„Во големите градови, на пример, има повеќе луѓе со психички заболувања, што често може да се
објасни со феноменот анонимност. Многу често ментално болните свесно бараат анонимност.
Освен тоа, има разлика помеѓу осаменоста и осамениот начин на живот. Кога осамениот начин на
живот е посакуван, тој може да се одрази и поволно на луѓето“, вели главниот лекар на Центарот за
психолошка медицина во Северна Германија, Арно Дајстер.
Причините за тоа се повеќе луѓе да живеат сами се вкоренети и во зголемениот животен век,
намалувањето на наталитетот и сè помалиот број бракови. Според Федералната статистичка
служба во Висбаден, во 2016 година 41 проценти од германските домаќинства биле домаќинства,
составени само од едно лице – доста над просекот за ЕУ (33 отсто).