ДИК: До 13 часот излезноста 20,73 отсто, гласањето без неправилности

од desk4
111 прегледи
   Одѕивот на гласачите до 13 часот на вториот круг од претседателските избори изнесува 20,73 отсто.

Портпаролот на Државната изборна комисија Љупка Гугучевска на втората прес конференција денеска соопшти дека ова е податок од обработени 95,39 проценти од избирачките места.

Според овие податоци до 13 часот на гласање излегле 359.024 гласачи, но оценува дека со вклучување на оние под пет отсто од избирачките места бројот на излезени избирачи би бил околу 370.000.

Гласањето, како што истакна, во овие шест и пол часови се одвива мирно, непрекинато и без неправилности.

Во првиот круг од гласањето на претседателските избори излезноста до 13 часот изнесуваше 20,45 отсто.