Левото крило на Вардар, Тимур Дибиров го постигна најубавиот гол во реванш натпреварите од
четвртфиналето во ракометната Лига на шампиони.

Дибиров прифати една топка на самиот агол, но и тоа не му беше проблем да го совлада голманот
на Пик Сегед.
Вардар го загуби дуелот во Унгарија со 29:25, но оди на Ф4 во Келн поради победата во Скопје со
31:23.
Во изборот на ЕХФ ТВ за ТОП 5 голови во оваа фаза на елитното натпреварување, место имаше и за
македонскиот репрезентативец Дејан Манасков кој во Веспрем игра на истата позиција со
Дибиров