ПАОК прв непобедлив тим во грчката лига во последните 55 години

од Vlatko K
121 прегледи

Тимот на ПАОК стана втор тим во историјата на грчкото фудбалско првенство кој ја заврши
сезоната без пораз. Во минатото, Панатинаикос го одигра цело првенство без да загуби во сезоната
1963/1964.


ПАОК во последното коло вчера ја победи Јанина со 2:0.

Тимот од Солун сезоната во грчката Супер лига ја заврши со 26 победи и четири нерешени исходи.
Следната сезона, ПАОК ќе учествува во квалификациите за Лигата на шампионите.