Азар лидер во асистенции меѓу играчите во ТОП 5 европските лиги

од Vlatko K
107 прегледи

Напаѓачот на Челзи, Еден Азар имаше две додавања по кои неговите соиграчи постигнаа голови на
натпреварот од 37. коло на првенството на Англија против Ватфорд (3:0).


Белгискиот репрезентативец дојде до 15 асистенции во тековната сезона и стана лидер меѓу
играчите во европските лиги ТОП 5 лиги (Англија, Германија, Франција, Шпанија, Италија).

Следни по Азар во оваа значајна статистичка категорија се Рајан Фрејзер од Борнмут и Џедеон
Санчо од Борусија Дортмунд со по 14 асистенции.

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси досега 13 пати им наместил гол на своите соиграчи.