Иднината на голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа во клубот ќе стане јасна во текот на
следната недела, тврди „Сан“.

Токму толку време за размислување добил Шпанецот од раководството на тимот за одлуката дали
да потпише нов договор или да не потпишува таков. До моментов тој не сакаше да ја продолжи
соработката, бидејќи сака да биде еден од најплатените играчи на тимот, за да го продолжи
договорот.
Тоа сепак не им одговара особено шефовите на „црвените ѓаволи“. Дотолку повеќе што во
последните натпревари преставувањето на Шпанецот е на ниско ниво поради серија од грешки кои
го чинеа тимот вредни поени.
При откажување на Шпанецот да го продолжи договорот се очекува тој да биде продаден на ПСЖ, а
„принцовите“ се подготвени да му ги дадат посакуваните од него 350 илјади фунти неделна плата.