Кира Најтли ќе стане мајка по вторпат. Актерката се појави со заоблен стомак на настан организиран од Шанел во Париз.
34-годишната ѕвезда изгледа одлично во едноставна тоалета во црно и крем. За време на коктелот за кој станува збор, имала стомак што тешко можел да се сокрие.
Иако е јасно дека е бремена, ѕвездата јавно не ги коментираше за среќните вести.
Актерката и Џејмс Ретон се заедно од 2011 година, две години подоцна стапија во брак.
Во 2015 година семејството доби ќерка.
Во меѓувреме, стана јасно дека и друга актерка очекува дете – Блејк Лајвли.
