Поранешниот светски боксерски шампион, Тајсон Фјури навести дека наскоро може да ја заврши
кариерата.

Британецот призна дека планира да спроведе уште неколку натпревари. Следниот ќе биде на 15
јуни во Лас Вегас против Том Шварц.
„Имам намера да се борам во уште три меча и потоа да завршам“, рече Фјури.
Тој го дефинираше својот следен ривал како „гладен лав“.
„Тој сака да ме нокаутира, мислам дека е добар боксер“, рече уште Фјури.